Интегриран час за одбележување на Светскиот ден на планетата Земја, 22 април 2020 година

Како да допреме до свеста на нашите ученици за да ја согледаат важноста од зачувување на планетата Земја-единствениот наш дом?

Водени од оваа идеја, предметните наставници по географија Санела Тренова, македонски јазик Иванка Тодорова Милошевска и француски јазик Бојана Наумова Радосавлевиќ во нашето училиште одржаа интегриран час каде што основни цели беа:

– подигање на свеста за важноста од зачувување на планетата Земја

– подигање на свеста за штетноста од загадувањето на планетата Земја

– посочување практични примери преку кои учениците ќе водат сметка за заштита на животната средина

– креативно изразување на учениците преку преплетување на различни предмети

– истражување како луѓето во светот ја заштитуваат животната средина.

Учениците во нашето училиште со своите трудови придонесоа за достојно одбележување на денешниот значаен ден во светски рамки  и иако можеби ова е само капка во морето, секој чекор којшто го правиме е важен. Посебно кога знаеме дека нашите ученици се идните носители и двигатели во секое општество. Од нив зависи што ќе се случува во светот во иднина. Затоа вложуваме максимални напори да им укажеме на што да внимаваат, што да прават, а што да избегнуваат да прават ако сакаме уште долго да останеме во овој наш дом-планетата Земја.

Дел од трудовите на нашите ученици во форма на пишан збор ќе ги погледнете во делот Е-настава- Светски ден на планетата Земја, на следниов линк:

https://oougocedelcevljubanci.edu.mk/?page_id=2184