Светски ден на книгата и авторското право

23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права.
Светскиот ден на книгата започнат е да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.
Нека ни е честит.

Со пригоден час, на иницијатива на предметниот наставник по македонски јазик Иванка Тодорова Милошевска, Светскиот ден на книгата и авторските права беше одбележан и во нашето ООУ „Гоце Делчев”,с.Љубанци.

Дел од творбите можете да ги погледнете на следниов линк: https://oougocedelcevljubanci.edu.mk/?page_id=2184