5 Maj – Ден на македонскиот јазик

Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.

Почетокот е многу важен и она што сега ќе се случи ќе даде елан и подготовка понатаму да се развива на различни начини. Вакви датуми постојат кај европските народи.Тоа ќе биде ден на оддавање почит на македонскиот јазик и на сите претходници кои го создавале писмениот, литературен, стандарден јазик, како и долг кон иднината – дека македонскиот јазик треба да се негува, да се шири.

Овој важен ден за македонскиот народ е соодветно одбележан и во нашето училиште, под менторство на предметниот наставник по македонски јазик Иванка Тодорова Милошевска кој ги поттикнува учениците непрестајно да творат на својот мајчин јазик, со тоа развивајќи го креативниот дух и желбата за творење…

Можете да ги погледнете дел од творбите на нашите ученици, под менторство на предметниот наставник по македонски јазик Иванка Т. Милошевска, на следниов линк:

https://oougocedelcevljubanci.edu.mk/?page_id=2184