@Донирај компјутер-Борче Стаменов
Претседателот на Училишниот одбор, Зоран Ацевски и директорот на ООУ „Гоце Делчев“ с. Љубанци, Силвана Терзиева, на 15 семејства им овозможија целосно опремени компјутери и 1 принтер на училиштето од иницијативата #Донирај компјутер.
Тоа се семејства со повеќе од две деца и семејства со помали социјални примања.
Принтерот ќе биде доделен на наставниците од прво и четврто одделение.
Со оваа донација се зголеми можноста, поголем број ученици да следат онлајн настава (кога тоа ќе биде потребно) како и можноста поголем број ученици да бидат во чекор со своите соученици во стекнување на знаења преку дигиоталниот свет.
Голема благодарност од името на учениците, родителите и вработените во училиштето.