Зa Нас

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ е лоцирано во село Љубанци, општина Бутел со адреса, ул. „7“ бр. 90, с. Љубанци, Бутел-Скопје. Поточно на 16 км оддалеченост од центарот на град Скопје.

Ова училиште се вбројува во едно од најстарите училишта во Република Северна Македонија. Првиот час е одржан уште во далечната 1866 година. Во историјата на своето постоење училиштето било централно и ги опфаќало сите соседни училишта.

Денес според бројот на паралелки и ученици се вбројува во групата на мали училишта. Наставата се изведува во зграда која датира уште од 1924 година, но по својот изглед и состојба во која што се наоѓа може да се спореди и со понови и посочувани училишни згради. Ова училиште покрај ученици од село Љубанци опфаќа и ученици од соседното село Љуботен кои посетуваат настава на македонски јазик. Во рамките на училиштето има и дом кој е единствен од овој тип и во кој се сместени ученици од територијата на град Скопје.