Кодекс

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО УЧИЛИШТЕТО

 

  • Ученикот е должен навреме и редовно да доаѓа на настава како и да ги извршуваат сите обврски утврдени со Годишната програма на училиштето;
  • Ученикот е должен да се грижи за училиштниот простор и имот;
  • Ученикот е должен да се грижи  за хигиената во  училиштето и блиската околина;
  • Во училиштето ученикот треба да биде совесен, одговорен, со должно почитување кон сите;
  • Во училиштето учениците треба да доаѓаат уредни;
  • На часовите ученикот треба внимателно да слуша и навреме и целосно да ги извршува училишните обврски;
  • Да придонесе за одржување на работната атмосфера;
  • Ученикот е должен редовно да носи училиштен прибор, учебници и тетратки;
  • Да  соработува со наставниците, стручната служба и другите субјекти во  училиштето;
  • Да покаже почитување и толеранција  кон другарите и наставниците;
  • Да помага на помалку успешните ученици;
  • Ученикот не смее  самоволно и без вистинска причина да го напушти  часот;
  • Ученици, избегнувајте  недолично однесување;
  • Учениците не смеат да користат мобилни телефони за врема на часовите;
  • Забрането е и казниво да се снима со мобилен телефон, да се снимаат ученици или пак тепачки помеѓу нив;
  • Учениците не треба да носат вредни предмети и повеќе пари во училиште, а доколку им се загубат одговорноста е нивна;
  • На часовите не е дозволено да се џвакаат мастики, како и истите да се лепат на клупите и столчињата;
  • Отпоздрави го наставникот кога ќе влезе во училница;
  • За време на часот не  излегувај  во тоалет;
  • Престојувај во училишниот двор за време на големиот одмор освен во случај кога временските услови се несоодветни;
  • Не викај по ходниците, не трчај, придржувај се кон правилата на однесување;
  • Не приговарај на опомените на дежурните наставници и ученици;
  • Ако во дворот видиш отпад фрли го во корпа за отпадоци;
  • Штом го слушнеш ѕвончето веднаш влези во училницата;
  • Не ги навредувај и не се однесувај насилно кон помалите и послабите ученици;
  • Ученикот не смее да врши психичко и физичко малтретирање на учениците и вработените во училиштето;
  • Дежурството во училницата го изведуваат двајца ученици кои се менуваат на неделно ниво;
  • Кога наставникот зборува не го прекинувај;
  • Обраќај им се со ВИЕ на возрасните;
  • Користи молам, благодарам, повели, извини во секојдневната комуникација;
  • Поздравувај со добро утро, добар ден и до видување;
  • Не користи вулгарни зборови кога комуницираш;
  • Почитувај ги правилата кои сте ги договориле со наставникот;
  • Не носи предмети со кои би можеле да повредите други ученици;
  • Покажи толеранција кон соучениците во комуникацијата;
  • Искажи го секое незадоволство со одбрани и пристојни зборови;
  • Биди самокритичен па потоа критикувај;
  • Чувај ги своите предметии не посегнувај по туѓите;
  • Не ги потценувај способностите на своите соученици;
  • Сослушај го внимателно и почитувај го мислењето на другиот;
  • Почитувај ги различните од тебе;
  • Истакни ги позитивните особини кај себе  со постапки, а не со зборови;
  • Ако не се однесусваат добро со тебе, БИДИ ПРВ кој тоа ќе го промени и однесувај се ти на вистински начин – ПРИСТОЈНО;
  • Учтивоста е особина која ја краси твојата личност, затоа однесувај се учтиво во секоја прилика;
  • Со своето примерно однесување ќе покажеш почит и кон своите родители;
  • Биди искрен со своите родители, дури и да згрешиш, тие ќе имаат разбирање за твоите постапки;
  • Редовно информирај ги родителите за случувањата во училиштето;
  • Ученикот задолжително треба на родителот да му ги пренесува информациите по барање на наставникот;

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

Родители:

  • Должни сте своето дете редовно да го праќате во училиште;
  • Почитувајте го куќниот ред на училиштето;
  • Редовно информирајте се за постигнатиот успех и поведение на вашето дете;
  • Соработката со училиштето треба да биде редовна, а не само на крајот на првото полугодие или на крајот на учебната година;
  • Редовно исполнувајте ги обврските што ги имате кон училиштето (материјални обврски, оправдување на отсуства од часовите на учениците, консултации со наставниците и сл);
  • Задолжително присуствувајте на родителските средби во училиштето;
  • Почажете почит кон училиштето со помагање во остварувањето на воспитниот процес и планираните задачи, како и во настојувањето да се подобрат условите за работа;
  • Во контактот со наставниците, родителот треба да покаже почит, физичките и вербалните напади се забранети;
  • Придржувајте се кон термините на наставниците кои се предвидени за индивидуални разговори кои се истакнати на видно место во холот за предметна настава и пред училниците на одделенска настава;
  • Не престојувајте во ходниците, пред училниците за време на часовите, ниту смее да се попречува наставата по било која основа без претходна најава кај стручна служба или директор;
  • Училиштето е воспитно-образовна  институција во која се влегува со пристојна облека;
  • Имајте на ум дека Вашите постапки се пример за однесување на Вашето дете;

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО

  • Обврска на наставниците да држат часови по редовна, дополнителна, додатна настава и слободни ученички активности;
  • Наставникот треба да се грижи за целиот училиштен простор и имот;
  • Наставникот не смее да доцни на час;
  • Наставникот треба да го почитува времетраењето на часот;
  • Наставниците мора редовно да ја исполнуваат обврската за дежурство, кога е предвидена, со цел да се одржува безбедноста во училиштето, на голениот одмор и малиет одмори;
  • Наставникот да ги евидентира отсутните ученици на почеток на часот и тоа да го прави редовно;
  • Наставникот секогаш и секаде внимава на својот говор, тој треба да е литературен, коректен и јасен;
  • Наставникот треба секогаш да е пример со својот изглед и своето однесување;
  • На наставниците им е забрането да користат мобилни телефони за време на часовите, освен во итен случај кога е потребно да му се помогне на ученик;
  • Наставникот не смее да се изложува во јавноста под дејство на алкохол и дрога;
  • Секој наставник треба професионално да се усовршува преку следење на литература, посета на семинари, курсеви и користење на современа технологија;
  • Наставникот е должен професионално да се однесува за време на часот, не е дозволено викање на учениците, не смеат да ги навредуваат, да ги исмејуваат, да ги дискриминираат учениците по било која основа и треба да се рамноправни кон сите ученици;
  • Наставникот е должен да ја почитува личноста на секој ученик;
  • Наставникот е должен реално да го оценува знаењето на ученикот без оглед на другите негови оценки;
  • Наставникот треба да го пофалува секој напредок на ученикот;
  • Наставникот треба да настојува ученикот навреме и квалитетно да ги извршува своите задачи;
  • Наставникот не смее да го казнува ученикот телесно и да го малтретира психички;
  • Наставникот е должен редовно да им помага на учениците, преку разни форми на активност;
  • Во работата со учениците, наставникот мора да изрази толеранција, да им овозможи секаква помош која им е потребна и да ги охрабрува учениците;
  • Секој наставник треба да настојува  учениците пристојно и дисциплинирано да се однесуваат во училиштето и надвор од него;
  • Наставникот треба редовно и навреме да го повикува и известува родителот за постигнувањата, однесувањето и проблемите на неговото дете;
  • Наставникот треба да го упатува родителот на помош од компетентни лица, во ситуации кога за тоа има потреба;
  • Наставникот треба да го почитува секој свој колега, да соработува, разменува мислења и искуства врзани за работата;
  • Наставникот треба да се ангажира во работата на стручниот актив на кој припаѓа;
  • Наставникот треба редовно да присуствува во работата на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето;
  • Наставникот е должен да ги почитува одлуките од одделенскиот и наставничкиот совет;
  • Наставникот е должен да присуствува на родителските средби и на отворените денови;
  • Наставникот треба да е креатор на пријатна работна атмосфера и позитивна емоционална клима во   својата училница;
  • Наставникот треба да гради односи на меѓусебно разбирање, соработка, почитување со учениците и другите вработени;
  • Наставникот треба секогаш да се залага за афирмација на својот предмет;

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА СТРУЧНА СЛУЖБА ВО УЧИЛИШТЕТО

 

  • Стручните соработници во училиштето треба да ги извршуваат работните задачи што се во нивниот делокруг, а се во согласност со Законот за основно образование;
  • Да го почитуваат куќниот ред во училиштето;
  • Стручните соработници го почитуваат кодексот за наставниците;
  • Стручните соработници треба да доаѓаат редовно и навреме на работното место;
  • Стручните соработници се должни своите задолженија да ги обавуваат во континуитет, како и да се грижат за нормално одвивање на наставата и дисциплината кај учениците доколку тоа го побараат некои од наставниците.
  • Стручните соработници треба совесно и самостојно да ја извршуваат својата работа;

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА ДИРЕКТОР ВО УЧИЛИШТЕТО

 

  • Директорот треба да доаѓа редовно и навреме на работното место;
  • Директорот е должен своите задолженија да ги обавува во континуитет;
  • Директорот се грижи за целокупната работа на училиштето во текот на наставниот ден, за почитување на одредбите од Кодексите на сите субјекти во училиштето (ученици, родители, наставници, стручна служба и техничка служба);

 

 

 

 

 

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА АДМИСТРАТИВНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО УЧИЛИШТЕТО

 

  • Сектретарот треба да доаѓа редовно и навреме на работното место;
  • Секретарот е должен своите задолженија да ги обавува во континуитет;
  • Секретарот е задолжен за контрола на помошниот персонал и да врши проверка на хигиената во училиштето и училиштниот двор.
  • Без потреба никој нема право да се задржува во просториите на администрацијата.

 

КОДЕКС НА  ОДНЕСУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКА СЛУЖБА ВО УЧИЛИШТЕТО

 

 

  • Техничкиот персонал (хигиеничари) и хаусмајсторот се должни да го одржуваат училиштето, дворот и инвентарот во целосна исправност и подготвеност за непречено одвивање на воспитно-образовната работа;
  • Техничкиот персонал да соработува со наставниците, стручните соработници и директорот и да се однесуваат во склад со потребите на наставата;
  • Хигиеничарите се должни да ги исчистат просториите пред отпочнување на наставата како истата би се одвивала во нормални хигиенски услови;
  • За време на одржувањето на наставата се должни после секој одмор да ги чистат ходниците, скалите, тоалетите, а задолжително после големиот одмор да се празнат корпите за отпадоци од секоја училница како и да се чисти училиштниот двор;
  • Во своето работно време хаусмајсторот е должен секојдневно да врши проверка на инвентарот и секоја штета да ја отклони;
  • Ако штетата не е во состојба да се отклони е должен на време да го запознае директорот и секретарот на училиштето;
  • Хаус мајсторот е должен да се грижи за зелените површини во училиштето (косење на трева и друго хортикултурно уредување на дворот);
  • Хаус мајсторот е и парно ложач и во грејна сезона се грижи за навремено и соодветно затоплување  на просториите во училиштето;
  • Хигиеничарите и хаус мајсторот се должни еднаш неделно (во понеделник) до директорот да достават извештај за хигиената и исправноста на инвентарот во училниците за кои се должни да ги одржуваат (пожелно е извештајот да биде во писмена форма).