Куќен ред

Учениците и родителите имаат права, но тие имаат и обврски кон училиштето, кои треба да ги почитуваат.

 

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

 

– Навремено доаѓање на училиште најдоцна 10 минути пред почетокот на наставата.

– Задоцнетиот ученик од одделенска настава да биде во присуство на родител додека не влезе на час

– Во училиштето, учениците и родителите  кои придружуваат деца, влегуваат од влезната порта на училиштето.

– Задолжително носење  примерна гардероба и фризура.

– Учениците ја напуштаат училницата, за време на големиот одмор (таа се заклучува) под контрола на наставникот (доколку временските услови го дозволуваат тоа)

– Примерно однесување во училиштето, училниците и училиштниот двор.

– Се излегува или влегува мирно, без трчање, туркање, викање, свирење и задржување по ходниците.

– По завршување на наставата  и другите воннаставни активности учениците не смеат да се задржуваат во училиштето и училиштниот двор.

– Учениците кои доаѓаат за работа во секции и додатните активности се должни да влезат во училниците заедно со одговорниот наставник.

– Учениците не смеат да влегуваат во наставничката и директорската канцеларија без да бидат повикани.

– Учениците не смеат неоправдано да отсуствуваат и доцнат на настава и други училишни должности.

– Не се дозволува стоење, довикување, фрлање на предмети и  отпадоци од     прозорците

– Учениците не смеат да повикуваат лица од други училишта за време на наставата во училиштето.

– Информации за распоредот на часови и приемни денови на предметните  наставници, учениците добиваат на огласната табла на училиштето.

– Чување на училишниот инвентар и правилно користење на книгите земени од училишната библиотека.

– Во случај ученикот да направи штета ја сноси самиот ученик (родител)

– Почитување на возрасните и учениците во училиштето, во училиштниот двор и околината.

– Ученичките излети и екскурзии се задолжителни за сите ученици согласно Законот за основно образование и Наставниот план и програма. Изостаноците од екскурзиите учениците (родителите) се должни да ги оправдаат.

 

– ЗАБРАНЕТО носење и користење на:

Храна и пијалоци во кабинетите и училниците

– Опасни, остри и тврди предмети

– Запаливи средства

– Наркотички средтства

 

– ЗАБРАНЕТО КОРИСТЕЊЕ, ЗА ВРЕМЕ НА ЧАС, НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ!

 

Во спротивно предметот ќе му биде одземен на ученикот, ќе биде повикан родител и ќе бидат превземени соодветни педагошки мерки.

 

********************

– Родителот да се придржува на распоредот за приемни денови и отворениот ден на предметните наставници.

– Родителот да го остава-пречекува ученикот во училиштниот двор (освен за прво, второ и трето одделение).

– Во случај на отсуство на ученикот родителот е должен во рок од три дена да го оправда.

– Во случај на барање на отсуство:

  • Одобрување од еден час дава предметниот наставник
  • За еден до пет наставни дена дава одделенскиот раководител
  • Од шест до триесет наставни дена дава Директорот

– Навремено плаќање на паричните надоместоци за услугите кои неговото дете ги користи во училиштето.

 

ЗАБРАНЕТО:

 

– Влегување и разговарање со ученик или наставник за време на час, а за било каква потреба се обраќа на стручната служба.

– Застанување и паркирање со автомобили пред главната врата на училиштето.

– Влегување со автомобили и моторцикли во училишниот двор.